Top Sport

(Видео) Челси го победи Брајтон во трилер во Филаделфија

Михајло Мудрик го постигна својот прв гол за Челси, а Кристофер Нкунку блесна за „сините“ да стигнат до 4:3 победа над Брајтон во Филаделфија во интересен меч од пред-сезоната.

Брајтон поведоа во 13. минута преку Дени Велбек, пред Челси да израмни преку Нкунку. Мечот беше забавен до 60. минута кога Јан Пол ван Хеке доби втор жолт картон, оставајќи ги Брајтон со 10 играчи. Челси го искористи ова со три гола во 11 минути преку Мудрик, Конор Галагер и Николас Џексон. Брајтон се вратија со гол од пенал на Жоао Педро во 79. минута, а Денис Ундај во 89. минута намали на 4:3. Мечот се играше пред 65.000 гледачи.

Маурисио Почетино направи седум промени од тимот кој го победи Рексам со 5:0 во саботата.

Scroll to Top