Манчестер јунајтед стигнаа до 2:0 победа над Арсенал во Њу Џерси во пријателски меч, кој не наликуваше на таков во првото полувреме, кога Лисандро Мартинез го „собра“ Букајо Сака.
Мартинез влета во дуелот, покосувајќи го англисиот репрезнтативец, по што предизвика конфликт со капитенот на Арсенал, Мартин Одегард. За дуелот тој доби жолт картон, како и еден куп негативни коментари на навивачите на Арсенал на социјалните мрежи. Да потсетиме, додека беше играч на Ајакс, Мартинез го имаше прекарот „Касап“.
Lisandro Martinez is an absolute piece of shit, honestly vile. pic.twitter.com/7qD52R0o8g
— ᴅᴀɴ (@danjh97) July 22, 2023