Top Sport

Маркињос за Мбапе: Сакаме клубот да ја реши ситуацијата што е можно побргу

Капитенот на Пари Сен-Жермен, Маркињос, конечно, проговори за сагата околу Килијан Мбапе, велејќи дека се надева дека клубот ќе ја реши ситуацијата што е можно побргу, откако францускиот синдикат на фудбалери го нападна клубот за третманот на француската суперѕвезда.

Мбапе јасно порача дека нема да го продолжи договорот кој му истекува во 2024, додека Пари Сен-Жермен го поставија на трансфер-листата и не го понесоа на азиската турнеја, оставајќи го да тренира со резервите.

„Тоа е деликатно прашање. Килијан е исклучителен фудбалер, но одлуката не ја носиме ние, туку менаџерскиот тим и ќе видиме што ќе се случи. Секогаш сакаме да се развиваме со вистинските играчи, така што сакам да се донесе решение за тој да се врати со нас и да ни помогне во новата сезона“, вели Маркињос.

Синдикатот на француски фудбалери (УНФП), преку соопштение посочија дека ова не е првпат ПСЖ да се однесува дискриминаторски кон своите фудбалери, додавајќи дека ист третман имаат и Лајвин Курзава, Леандро Паредес, Жоржињо Вајналдум и Кејлор Навас.

Scroll to Top