Top Sport

(Видео) Норис му го искрши победничкиот трофеј на Ферстапен

Двократниот светски шампион, возачот на Ред бул, Макс Ферстапен и асот на Мекларен, Лендо Норис се добри пријатели, така што на Холанѓанецот можеби ќе му биде полесно да му прости за кршењето на победничкиот трофеј од Унгарското ГП.

Ферстапен стигна до убедлива победа на Хунгароринг, додека Норис имаше фантастична трка за да го освои второто место. Кога дојде време за шампањско на подиумот, Британецот удри со шишето на подиумот, и трофејот на Ферстапен се истркала и се скрши. Трофејот беше јубилеен, бидејќи беше седми едноподруго за Ферстапен и рекорден 12-ти едноподруго за тимот на Ред бул.

Scroll to Top