Астон вила и Њукасл имаа возбудлив подготвителен меч во Филаделфија одигрувајќи 3:3 на радост на навивачите, во меч во кој Вила неочекувано имаше рано 2:0 водство, за потоа да се воспостави рамнотежата.
Сандро Тонали ја загуби топката на центарот на теренот од Емилијано Буендија, за тој да му асистира на Оли Воткинс по само 7 минути игра за 1:0 водство. Ова водство беше удвоено, откако токму Буендија пак го совлада Мартин Дубравка само четири минути подоцна.
Њукасл се врати во игра во 28. минута со голот на Елиот Андерсон, пред во финишот на полувремето, Александер Исак да израмни на 2:2. По серијата промени во двата тима, повторно Буендија постигна гол во 48. минута за ново водство на Вила, за Калам Вилсон да ги постави конечните 3:3 во 55. минута.