Саудискиот Ал-Хилал стана најсериозен кандидат за потписот на Килијан Мбапе, по рекордната понуда од 300 милиони евра за трансфер, со што би се срушил претходниот светски рекорд од 222 милиони кои ПСЖ ги платија за Нејмар на Барселона.
Но, уште позачудувачки бројки доаѓаат од платата која тие би му ја плаќале на Французинот – невројатни 700 милиони евра годишно, со кои Мбапе би заработувал околу 13 милиони евра секоја недела.
За споредба, сегашниот најбогат годишен договор во светот на фудбалот го има Кристијано Роналдо, кој добива околу 150 милиони евра годишно од Ал-Наср, додека самиот Мбапе добиваше 62 милиони евра по сезона од ПСЖ.