Легендарниот италијански тренер Фабио Капело не простува што неговите две титули со Јувентус беа одземени поради скандалот „Калчополи“, инсистирајќи дека Јуве има 38 титули бидејќи доминирале заедно.
На денешната прослава на 100-годишнината на преземањето на клубот од семејството Ањели, поранешниот тренер зборуваше за своето искуство со клубот од Торино, кое заврши во 2006. 77-годишниот Капело беше на клупата кога Јуве ги освои титулите во 2004/05 и 2005/06, кои им беа одземени по скандалот „Калчополи“ во 2006. Додека титулата од 2004/05 не се додели на друг клуб, таа од 2005/06 беше доделена на Интер, кои иронично таа година завршија на третото место, зад Милан, уште еден клуб кој беше казнет.
„Да не заборавиме, Јувентус има 38 скудета, бидејќи ги освоивме и доминиравме заедно. Форца Јуве!“, изјави Капело.
Јувентус си ги признава и двете одземени титули на сите официјални промотивни материјали и на нивниот стадион.
#Juventus, Fabio #Capello: "Per me gli Scudetti sono 38, li abbiamo vinti dominando"https://t.co/0ecFDhQ2bG
— Sportface (@sportface2016) July 24, 2023