Хрватскиот првак Динамо Загреб се засили со јапонскиот фудбалер Такуро Канеко. Тој пристигнува од јапонскиот клуб Сапоро на едногодишн позајмица за која Динамо плати 400.000 евра.
Динамо Загреб ќе може да го откупи 25-годишниот фудбалер за 1,1 милион евра.
Канеко игра на позициите десно крило и десен бек и веројатно ќе му биде конкуренција на Стефан Ристовски, кој може да се пресели и на стоперската позиција.
„Многу сум среќен и задоволен од моето доаѓање во таков респектабилен европски клуб. Работевме на овој трансфер долго време и мило ми е што конечно сè се заврши со позитивен епилог, како за мене, така и за клубот. Динамо е мојот прв чекор во европскиот фудбал и знам дека клубот во Европа е многу конкурентен долги години“, изјави Такуро Канеко.