Александар Зверев ги отфрли новите обвинувања против него за физичко насилство. Против него се води истрага за напад на неговата поранешна партнерка Бренда Патеа, која ја роди ќерката на германскиот тенисер во март 2021 година.
„Целосно ги отфрлам обвинувањата и нема да кажам ништо повеќе за тоа. Моите адвокати се грижат за тоа“, изјави Зверев.
АТП на почетокот на оваа година објави дека нема доволно сериозни докази за првото обвинение против Зверев за семејно насилство. Доаѓа од друга поранешна партнерка на тенисерот, Олја Шарипова.