Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан е еден од најбогатите спортисти, но и не е премногу дарежлив. Напротив. Доказ за тоа е сцена од казино во Лас Вегас каде се коцкал заедно со легендарниот хокеар Вејн Грецки, а на келнерката и дал бакшиш од само пет долари.
Мајкл Џордан заработи многу пари во својата богата НБА кариера. Тој заработи над две милијарди долари, а неговото богатство ќе се зголеми за уште три милијарди по продажбата на Шарлот Хорнетс.
Сепак, иако е еден од најбогатите спортисти во светот, Мајкл Џордан е познат како скржавец.
Џордан и познатиот хокеар Вејн Грецки се коцкале заедно, а потоа Мајкл нарачал пијалок и и оставил бакшиш од пет долари на келнерката. Грецки лично решил да реагира.
„Се сеќавам кога Вејн Грецки го посрами Мајкл Џордан на масата. Беше приватна забава, Мајкл нарача пијачка, а на девојката што му го донесе коктелот и даде бакшиш од пет долари”, вели поранешниот шеф на казиното Хард Рок, Рич Страфела.
„Вејн ги зеде пијачките од келнерката, му ги даде на Мајкл и извади чип од 100 долари и го стави на послужавникот. Се сврте кон Мајкл и рече, ние вака даваме бакшиш во Лас Вегас“.
Џордан во минатото имал сериозни проблеми со коцкањето. Постојат приказни дека поради зависност тој всушност одлучил да ја заврши својата кариера за првпат во 1993 година.