Барселона се договорила со Јувентус за продажба на Франк Кеси, објави италијанскиот весник „Газета дело спорт“. „Бјанконерите“ ќе платат меѓу 10 и 15 милиони евра за играчот за врска од Брегот на Слоновата Коска, кој ќе потпише договор на 1 + 1 година.
Сега единствено што недостасува е личниот договор на играчот со Јувентус.
Кеси им се приклучи на Каталонците во летото 2022 година на слободен трансфер од Милан и постигна три гола и забележа три асистенции во 43 натпревари за Барселона минатата сезона.
Тој преферираше да се пресели во Премиерлигата ,но очигледно дека и нема преголем интерес за него, па е наоѓа пред враќање во Серија А.