Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ја покажува својата магија и во САД. Во првиот меч како стартер и капитен на Интер Мајами, тој постигна два гола и го предводеше својот тим до триумф од 4:0 против Атланта во Лига купот на Северна и Централна Америка.
Аргентинецот првиот гол го постигна во осмата минута, а потоа уште еднаш погоди во 22.минута.
Со овие голови Меси постави уште еден рекорд. Тој постигна голови против сто различни клуба во сениорската кариера.