Килијан Мбапе сѐ уште не одлучил што ќе прави со кариерата, со оглед дека ПСЖ го стави на трансфер листа и му се закани дека ќе седи н трибините доколку остане, а не потпише нов договор. Тој не сака да замине во Ал-Хилал, кој му нуди баснословна сума од 700 милиони евра, но неговото семејство не би имало ништо против да се пресели во Саудиска Арабија.
Семејството на Мбапе е отворено за идејата Килијан да замине во Ал-Хилал на една година, бидејќи би добил астрономски пари, а потоа би можел да замине во Реал Мадрид.
Не е тајна дека Арапите сакаат да го доведат Французинот дури и на една година и да го искористат овој луд бран кога многу големи имиња се согласија да се преселат во нивната земја.
И ПСЖ е подготвен да ја прифати понудата на Ал-Хилал, вредна 300 милиони евра, бидејќи е јасно дека Реал Мадрид нема да плати толку.
Сепак, за разлика од членовите на неговото семејство и членовите на Пари Сен Жермен кои доброволно би прифатиле арапски пари, Килијан Мбапе сѐ уште не донел одлука и се чини дека ќе чека уште некое време на Реал Мадрид и расплетот на ситуацијата.
Некои тврдат дека ова за сите е „вин вин“ ситуација, ако Мбапе отиде една година во Ал-Хилал, бидејќи ПСЖ би добил пари, а Реал сигурно би го добил Мбапе летото 2024 година кога и планирал. Французинот секако би заработил неверојатна сума за само една година во Саудиска Арабија.