Top Sport

Али Адем пред дуелот со Левски: Овој тим на Шкупи е подготвен за големи нешта

Во пресрет на првиот натпревар од второто коло на Конференциската лига, во кој Шкупи се среќава со бугарскиот тим Левски, пред медиумите се појавија тренерот Џихат Арслан и фудбалерот за врска, Али Адем.

„Левски е посериозен противник од оној што го имавме претходно. Тоа е нов натпревар и потребна е нова стратегија. Целиот концепт на играта се менува и нормално дека се подготвуваме имајќи го на ум противникот. Левски е сериозна екипа, со години е дел од европските натпреварувања. Играат напаѓачки фудбал и имаат такви играчи. Покажавме и одредени слабости и тоа треба да го поправиме. Ќе се обидеме да бидеме покреативни. Секако дека размислуваме за победа на домашен терен, тоа би бил позитивен резултат за нас“, вели тренерот Џихат Арслан.

Фудбалерот Али Адем вели дека тимот е подготвен за надигрување.

„По дуелот со Хегелман сите сме фокусирани на овој натпревар. Со помош на навивачите се надеваме на поволен резултат. Овој тим на Шкупи е способен за големи достигнувања и тоа ќе го докажеме на утрешниот натпревар“, изјави играч за врска, Али Адем.

Натпреварот помеѓу Шкупи и Левски се игра утревечер, со почеток од 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

 

Scroll to Top