Top Sport

Каква е ситуацијата со договорите на возачите во Формула 1?

Ред Бул, односно Макс Ферстапен, од ланската сезона доминира во шампионатот на Формула 1.

Со оглед на тоа дека сезоната не е претерано возбудлива и неизвесна, многумина веќе се насочуваат кон преодниот рок. Некои возачи наскоро ќе ја променат средината, додека некои се „врзани“ за своите тимови на подолг период.

Секако, една од главните теми е Луис Хамилтон, за кој се веруваше дека преговара со Ферари, но Британецот е се поблиску до останување во Мерцедес.

Неговиот договор истекува на крајот на 2023 година (во тимот дојде во 2013 година) и се верува дека нема да го промени тимот.

Гуангју Џоу, кинескиот возач на Алфа Ромео, исто така е под договор до 2023 година, како и Даниел Рикиардо во Алфа Таури, а истото важи и за неговиот тимски колега Јуки Цунода.

На крајот од годината важи договорот на Логан Сарџент со Вилијамс, односно Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг со Хас.

До крајот на 2024 година, договори имаат Серхио Чеко Перез со Ред Бул, Шарл Леклер и Карлос Саинц со Ферари, Естебан Окон и Пјер Гасли со Алпин, Џорџ Расел со Мерцедес, Фернандо Алонсо со Астон Мартин, Оскар Пјастри со Мекларен, Валтери Ботас со Алфа Ромео и Алекс Албон со Вилијамс.

Ландо Норис ќе биде во Мекларен до 2025 година, а Макс Ферстапен во Ред Бул најмалку до 2028 година, додека должината на договорот на Ленс Строл не е позната.

Scroll to Top