Фудбалерот на Фиорентина, Игор Хулио го договорил трансферот во Брајтон, објавија британските медиуми.
Од трансферот на бразилскиот дефанзивец Фиорентина ќе заработи околу 17 милиони евра, соопшти „Скај спорт“.
„Игор е уште еден важен играч кој може да ни помогне на клучната позиција“, изјави тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби.
Бразилецот одигра 110 натпревари за Фиорентина.
Брајтон е заинтересиран и за дефанзивецот на Челзи, Леви Колвил.