Фудбалерите на Струга ТЛ забележаа минимална победа над Будуќност од Подгорица во второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Стружани победија и тоа е најважно пред реваншот во главниот град на Црна Гора. Штета е што на стадионот во Охрид, Струга ТЛ не успеа да постигне уште еден гол.
Доминираа играчите на Струга ТЛ, особено во првото полувреме, но успеаја само еднаш да го совладаат Павличиќ.
Клучиот момент на натпреварот се случи во 30.минута, кога Радески му асистираше на Ибраими кој го постигна единствениот гол.