Top Sport

Црвена звезда за 19 минути ја декласира Фиорентина

Фудбалерите на Црвена звезда на генералната проба ја декласираа Фиорентина со резултат 5:0 (5:0). Пред 36.000 навивачи Црвена звезда за 19 минити го декласира финалисто во Конференциската лига.

Фиорентина во Белград дојде прилично доцна претходната вечер, тимот се наоѓа во периодот на подготовка, кога на играчите им се „тешки нозете“, а пред себе имаа тим во полна брзина, подготвен за настап во Лигата на шампионите.

Од првата минута Звезда тргна жестоко и со висок присинг, а тоа го донесе првиот резултат во 8. минута кога Петер Олајнка му украде топка на невнимателниот Мартинез и погоди во празна мрежа за 1:0.

„Блиц-криг“ продолжи веќе во 11. минута кога Мирко Иваниќ го проигра Жан-Филип Красо кој го совлада Терачано. Три минути подцна Иваниќ зголеми на 3:0.

Стадионот се уште не беше смирен, следеше нова експлозија од радост. Се играше 23. минута кога Олајинка одлично реагираше во шеснаесетникот и погоди од вториот обид од гол линијата за 4:0. Општата лудило на „Маракана“ донесе петтиот гол во 27. минута, кога Усман Букари го реализраше пенало кој самиот го избори.

Scroll to Top