Македонскиот првак Струга Трим Лум ја оствари историската прва победа на европска сцена откако го совлада црногорскиот шампион Будуќност со 1:0, во првиот меч од второто коло во Конференциската лига. Тренерот Шпетим Дуро е задоволен од триумфот, но вели дека можел да биде изразен и со повеќе голови во мрежата на противникот.
„Секоја победа во европските натпреварувања е многу важна, а за Струга ТЛ оваа е историска, прва во европските натпреварувања. Мислам дека одигравме квалитетно, можевме да бидеме и поубедливи. Имавме навистина уште неколку одлични шанси, посебно во првото полувреме. За Струга Трим Лум ова беше само петти меѓународен натпревар, а пред мечот бевме претставени како фаворити“, изјави Шпетим Дуро.
Реваншот меѓу Будуќност и Струга ТЛ ќе се одигра на 1. август во Подгорица.