Top Sport

Мартинез: Лукаку страшно ме разочара

Новиот капитен на Интер, Лаутаро Мартинез, зборуваше за поранешниот соиграч Ромелу Лукаку. Белгиецот минатата сезона ја мина на позајмица во Интер, но тој период го одбележаа повредите поради кои беше надвор од форма. Челси не смета на него, па белгиската ѕвезда мора да најде нова средина.

Лукаку наводно бил во преговори со Јувентус, иако во 2021 година изјави дека никогаш нема да замине во торинскиот клуб или во Милан. Ваквиот потег на Белгиецот, кој беше херој на клубот во изминатите сезони, навивачите на Интер го сметаат за предавство.

Целата сага ја коментираше Мартинез, првиот напаѓач на Интер и нов капитен.

„Ромелу ме разочара, вистина е. Се обидов да му се јавам поради хаосот, но тој никогаш не ми одговори, исто како што не одговори и на другите соиграчи. Разочаран сум после толку години заедно и ситуациите низ кои живеевме. Сепак, тоа е негов избор. Му посакувам се најдобро, иако не очекував такво однесување“, изјави Мартинез за „Газета дело спорт“.

 

Scroll to Top