Top Sport

(Видео) Давид Силва замина во пензија

Познатиот шпански фудбалер Давид Силва (37) денеска соопшти дека, поради тешката повреда на коленото, става крај на професионалната кариера.

Сигурно е дека Силва вака не го замислуваше своето збогување со фудбалот, но играчот кој ќе остане запаметен како еден од најкреативните играчи од средниот ред во Европа во последните 15 години нема за што да жали.

Давид Силва се повреди неодамна на тренингот на неговиот клуб Реал Сосиедад. Тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

„Денес е тажен ден за мене. Денес е денот кога треба да се збогувам со она на што го посветив целиот мој живот. Денес е време да се збогувам со моите соиграчи кои ми беа како семејство. Ќе ми недостигате сите многу. Ви благодарам на сите бидејќи со вас се чувствував како дома“, рече Силва во емотивното видео, на неговото збогување со фудбалот.

Ќе остане запаметен како член на најславната ера на шпанскиот национален фудбал, еден од неговите најзначајни адути на патот кон светскиот и европскиот трон.

Двапати со „Црвената фурија“ беше европски првак и еднаш победник на Светското првенство.

Во кариерата одигра 784 натпревари, постигна 124 гола и даде 154 асистенции, настапувајќи за Еибар, Селта, Валенсија, Манчестер сити и Реал Сосиедад.

На клупско ниво, неговите трофеи вклучуваат четири Премиер лиги, два Копа дел Реј, пет ФА Купа, два ФА Купа и три Комјунити Шилд.

Scroll to Top