Барселона доби дозвола од УЕФА за настап во европските купови. Барселона сезонава ќе настапи во Лигата на шампионите. УЕФА на клубот од „Ноу Камп“ му даде усливна дозвола, бидејќи покрај финансиските проблеми и ограничувања, клубот е под истрага и поради афера во која се сомничи дека влијаел на судењето во домашното првенство.
Додека не се докаже вината, Барселона ќе може да игра во Лигата на шампионите, а подоцна и во Лига Европа доколку заврши на третото место во групата.
Како што е наведено во правилникот кој важи од 2007 година, УЕФА може да им забрани на тимовите кои се вклучени во местење натпревари да учествуваат во европските натпреварувања.
Доколку истрагата на УЕФА покаже дека Барселона влијаела на судењето, каталонскиот клуб ќе добие забрана за настап во Лигата на шампионите.
Тоа би бил тежок финансиски удар и за клубот кој пред две години беше во долгови од околу милијарда и 300 милиони евра.