Top Sport

Монпелје бара повеќе од 27,5 милиони евра за Ваи

Како што пренесуваат англиските и француските медиуми, Монпелје ја одбил првата понуда на Челзи за суперталентираниот напаѓач Ели Ваи.

„Лекип“, пишува дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ понудил 27,5 милиони евра за 20. годишниот Французин, но управата на Монпелје првично ја одбила понудата.

И покрај ова, во францускиот клуб се отворени за понатамошни разговори со Челзи, што значи дека очекува нова, многу подобра понуда.

Ели Ваи во последните две години е рангиран меѓу најталентираните француски фудбалери. Тој особено блесна минатата сезона во Лига 1, одигра 33 натпревари за Монпелје и постигна 19 гола, со шест асистенции.

Од минатата година е член на младата репрезентација на Франција (У21).

Француските медиуми се надеваат дека Монпелје нема да го продаде ова момче за помалку од 40 милиони евра. Интерес за овој играч покажаа и Атлетико Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт.

Scroll to Top