Самуел Чуквуезе го стави својот потпис на договорот со Милан. Нигериецот на „Сан Сиро“ дојде од редовите на Виљареал.
Милан за обештетување издвои 20.000.000 евра, додека Виљареал потенцијално ќе добие уште осум милиони евра доколку се активираат сите бонуси. Договорот е потпишан до јуни 2028 година. Покрај тоа, Милан го испрати Матео Габија во Виљареал на позајмица, со опција за откуп на крајот од сезоната.
Чуквуезе во Милан ќе го одбра бројот 21. Минатата сезона брзиот напаѓач ја заврши со 13 гола и 11 асистенции на 50 натпревари.
Пред Чуквуезе пристигна Кристијан Пулишиќ кој ќе му биде директна конкуренција, потоа централниот играч за врска на АЗ Алкмар Тијани Рејндерс за 19.000.000 и Рубен Лофтус-Чик од Челзи за 16.000.000, додека како слободни играчи во клубот дојдоа Ноа Окафор, Лука Ромеро и Марко Спортиело.