Ал Хилал од Саудиска Арабија не се откажува од потрагата по врвен напаѓач откако беше одбиен од Килијан Мбапе. Како што пренесува „Лекип“, клубот од Ријад ќе се обиде да го донесе 24. годишниот голгетер на Наполи, Виктор Осимен.
Нигериецот дојде во Наполи во 2020 година. Неговиот договор со клубот истекува во 2025 година. Пазарната цена на овој фудбалер е пониска од онаа на Мбапе, но се проценува на повеќе од 100 милиони евра.
Осимен минатата сезона одигра 39 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, постигна 31 гол и додаде пет асистенции.
Француските медиуми во средата објавија дека Мбапе одбил да преговара со претставниците на Ал Хилал за рекорден трансфер од 300 милиони евра, откако Пари Сен Жермен му даде дозвола на клубот од Саудиска Про лига да преговара со 24. годишниот француски репрезентативец.