МЗТ повтрди дека браќата Стојановски, Војдан и Дамјан и наредната сезона ќе го предводат македонскиот шампион.
„Горди сме што во следните 365 дена во нашиот тим повторно ќе го имаме капитенот Дамјан Стојановски, нашиот заштитен знак и една од најголемите клупски легенди во историјата, кој ќе ја одработи втората година од договорот потпишан минатото лето. Крај него ќе биде уште една легенда на макбаскетот, неговиот брат-близнак, Војдан Стојановски, кој исто така има уште една сезона за играње во плаво-белиот дрес“, објави МЗТ.
Клубот исто така потврди дека во МЗТ ќе остане и талентираниот Андреј Андоноски, кој блесна во финишот од минатата сезона и од кого се очекува уште повеќе во иднина.