Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, ќе ја напушти Барселона, а како негова следна дестинација се најавува Динамо Букурешт. Каталонскиот клуб одлучи да го намали буџетот за новата сезона, а Циндриќ е еден од ракометарите со најголем договор.
Романските медиуми најавуваат дека Циндриќ е расположен да се пресели во Динамо Букурешт. Овој клуб има сериозни амбиции за новата сезона во Лигата на шампионите.