Макс Ферстапен победи во спринт трката пред Големата награда на Белија. На патеката Спа Франкошамп актуелниот шампион победи пред Оскар Пјастри (Мекларен) и Пјер Гасли (Алпин).
Поради лошите временски услови, спринтот стартуваше со безбедносното возило, кое на патеката се задржа четри круга. Веднаш во првиот круг пола од возачите решија да ги сменат гумите.
Во вториот круг лидерот Ферстапен влезе во боксот и се врати на второто место зад Пјастри.
Два круга подоцна Алонсо, кој денеска слави роденден, излета од патеката, поради што на неа повторно излезе безбедносното возило.
Три круга подцна Ферстапе се врати на лидерската позиција, а потоа трката ја обележа дуелот помеѓу Луис Хамилтон и Серхио Перез.
Мексеканецот се пожали дека има оштетување на неговиот болид, а Хамилтон во претпоследниот круг дозна дека е казнет со пет секунди. Во тој момент Британецот беше четврти.
На крајот зад Ферстапен, Пјастри и Гасли завршија пилотите на Ферари Саинц и Леклер, Норис од Мекларен и возачите на Мерцедес Хамилтон и Расел.