29-годишниот Драгомир, навивачот на Левски кој беше избоден во Скопје, зборуваше за „БНТ“. Тој се наоѓа на одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свето Наум Охридски“.
Драгомир има модринки по главата и лицето. Очигледно овие повреди се од тепање. Опериран во пределот на црниот дроб и моментално е на апарати.
Неговата здравствена состојба е тешка, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот.
Тој вели дека сѐ уште е во шок од она што се случило и сподели јавно дека им е благодарен на лекарите кои му го спасиле животот.
Лекарите што го лекуваат Драгомир објаснија дека не е препорачливо да се префрли во болница во Софија пред да се подобри неговата здравствена состојба.
Мајката на Драгомир во петокот пристигна во Скопје и е покрај синот.