Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин по поразот од 0:1 на Велез Сарсфилд од Хуракан во последниот натпревар од аргентинската лига оваа сезона објави дека ја завршува својата 20. годишна кариера.
Поранешниот капитен на Атлетико Мадрид одигра 627 натпревари, постигна 38 гола и освои десет титули, вклучувајќи два трофеи во Лига Европа и три Суперкупа на УЕФА.
„Сакав да донесам одлука на овој начин. Бидејќи сум здрав, можеби изгледа изненадувачки, но размислував на ваа тема подолго време. Сега има други приоритети. Моето семејство е во Уругвај, а јас неодамна станав татко, сакам да се одморам и да уживам во други работи, а сакав да заминам со добар имиџ на теренот“, рече 37.годишниот Годин.
Диего Годин ја започна својата кариера во 2003 година во уругвајскиот клуб ЦА Серо. Тој продолжи да игра за Национал во 2006 година пред да се пресели во шпанскиот тим Виљареал една сезона подоцна. Во 2010 година се пресели во Атлетико каде што беше капитен на тимот девет сезони. Годин пристигна во Велез во средината на 2022 година, откако играше по една сезона за Интер и за Калјари и шест месеци за бразилскиот тим Атлетико Минеиро.
Тој одигра 161 натпревар за репрезентацијата на Уругвај, настапи на четири Сетски првенства. Дел е од златната генерација која ја освои Копа Америка во 2011 година и заврши на четвртото место на Светското првенство во 2010 година.