Фудбалерот на Јувентус и бразилски репрезентативец Глеисон Бремер изјави дека не сака да го напушти клубот од Торино.
Бремер (26) добил понуди од неколку клубови кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
„Вистина е, клубовите од Премиер лигата ме бараа. Можат да почекаат, сакам да останам во Јувентус. Јас сум во најдобриот клуб во Италија и сакам да освојувам титули со него”, изјави Бремер.
Бразилскиот фудбалер во Јувентус пристигна од Торино во 2022 година, а минатата сезона за „старата дама“ одигра 43 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет гола.
Бремер има договор со Јувентус до 30. јуни 2027 година.