Саудискиот клуб Ал-Хилал испрати понуда вредна 140 милиони евра до Наполи за Виктор Осимен. „Скај Спортс“ пренесува дека богатиот клуб од Саудиска Арабија не сака да застане со скапите засилувања и сега го насочил фокусот кон одличниот напаѓач на „наполитанците“.
Ал-Хилал го сакаше Александар Митровиќ, но Фулам одби да го продаде, па трансферот за Србинот пропадна.
Ал-Хилал веќе донесе звучни засилувања, Калиду Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Малком, но се чини дека ќе продолжи сѐ додека не создаде супер моќен тим.
Нигериецот е во своите најдобри години, досега не размислуваше за трансфер надвор од Европа, бидејќи се поврзуваше со Баерн Минхен и со Пари Сен Жермен. Истовремено, тој води преговори и со Наполи за нов договор.
Проблем е Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи, кој е тежок преговарач и прашање е дали би ја прифатил понудата на Ал-Хилал од 140 милиони евра. Пред неколку дена тој изјави дека за Виктор Осимен заинтересираните клубови треба да платат 200 милиони евра.
Ал-Хилал претходно понуди 130 милиони евра за Осимен, но Наполи ги одби.