Top Sport

Баерн и Тотенхем ги делат 25.000.000 евра

Баерн Минхен и Тотенхем ќе го продолжат преговорите околу трансферот на Хари Кејн. Челниците на клубот од Минхен, вчера беа на преговори во Лондон. Преговорите завршија неуспешно и покрај тоа, што според медиумите, Баерн понудиле 100.000.000 евра.

Според „Скај спорт“, разликата меѓу понудата на Баерн и она што го бара Даниел Леви е 25.000.000 евра.

Доколку двата клуба постигнат договор, Баерн ќе го урне клупскиот трансфер рекорд. Во 2019 година, за услугите на Лукас Ернандез, Баварците на Атлетико Мадрид му платија 80.000.000 евра.

Scroll to Top