Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон одлучил да стави крај на блескавата кариера. Тој во наредните денови ќе го прекине договорот со Парма, по што официјално ќе замине во фудбалска пензија.
Иако многумина очекуваа да го одработи договорот со Парма до 30 јуни 2024 година, 45-годишниот Буфон ќе стави крај на кариерата.
Од овие причини Џанлуиџи Буфон и одби и богатите понуди од неколку клуба од Саудиска Арабија.