Струга ТЛ во спектакуларен меч избори пласман во третото коло, во Конференциската лига. Синоќа во Подгорица, Струга ТЛ славаше над Будуќност со 4:3 и со вкупен резултат 5:3 го елиминираше црногорскиот претставник.
Натпреварот на стадионот во Подгорица го обележаа извонредниот Марјан Радески со три гола и инцидентот што се случи на трибините, во моментот кога Василије Аџиќ израмни на 2:2.
Дрес на Црвена звезда предизвика тепачка на трибините.
Имено, еден млад човек дошол на трибините облечен во син дрес на Црвена звезда со натпис Савиќевиќ и број 10 на задната страна.
Во моментот кога Аџиќ постигна гол за 2:2, на главната трибина настана тепачка бидејќи околните навивачи го забележаа „натрапникот“.
Тие му пришле на младиот човек, но за среќа полицијата брзо реагирала и спречила натамошен и поголем инцидент.
Навивачот во дресот на Звезда со својата придружничка морал да го напушти стадионот.