Top Sport

Чави шокиран од одлуката на Дембеле да ја напушти Барселона

Усман Дембеле од клупата за резерви ја гледаша победата на Барселона (1:0), против Милан во Лас Вегас. Францускиот репрезентативец не влезе во игра откако реши кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

ПСЖ ја активураше откупната калузула од 50.000.000 евра, откако претходно се договори со Дембеле. Во Париз тој ќе има два и пол пати поголема плата, односно ќе заработува 20.000.000 евра по сезона.

По мечот во Лас Вегас, тренерот на Барселона, Чави, им повтори на новинарите дека бил шокиран кога дознал дека Демебеле го напушта клубот.

„Разочаран сум од Дембеле. Не можевме да се натпреваруваме со понудата на ПСЖ. Се обидовме да го задржиме, но тој ми рече дека разговарал со Ал Келаифи и Луис Енрике и дека нема да направи чекор назад”.

„Таков е фудбалскиот пазар. Понудата што му ја дадоа е над нашите можности. Не можеме да се натпреваруваме со нив. Штета. Нека му е со среќа”, изјави Чави.

Scroll to Top