Top Sport

Валенсија забрани продажба на семки на „Местаља“

Фудбалскиот клуб Валенсија забрани продажба на семки на својот стадион.

Причината е појавата на стаорци на трибините, поради од клубот се принудени постојано да користат бучни машини за чистење, што им пречи на соседите.

Забраната започнува на 5. август и натпреварот против Астон Вила.

Стадионот „Местаља“ во Валенсија собира околу 50.000 навивачи и е изграден пред 100 години.

Меѓутоа, во правилото има „дупка“ која вели дека навивачите ќе можат да носат семки купени надвор од стадионот, но дека лушпите ќе мора да ги фрлаат во кесички, а не на трибините.

Scroll to Top