Top Sport

Алегри за Влаховиќ: Некои понуди е невозможно да се одбијат

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека е невозможно да се одбие понудата на Челзи за Душан Влаховиќ.

Како што стојат работите, за Валаховиќ, Јувентус ќе го добие Ромелу Лукаку и 40.000.000 евра.

„Среќен сум со играчите кои ги имаме. Некои понуди е невозможно да се одбијат со оглед на финансиската ситуација. Ќе се прилагодам на одлуката на клубот, како и секогаш”, изјави Алегри.

Јувентус е во деликатна ситуација, прво му беа одземени 10 бода поради финансиски нерегуларности, поради што мораше да се задоволи со Конференциската лига, а потоа УЕФА ги суспендираше поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Што се однесува до Влаховиќ, тој минатата сезона постигна 10 гола на 27 натпревари.

Лукаку првично беше поврзуван со Интер, каде што играше како позајмен минатата сезона, но „нероаѕурите“ се повлекоа од преговорите кога слушнаа дека Јувентус е вклучен во преговори со Челзи.

Scroll to Top