Министерот за млади и спорт на Сомалија Мохамед Баре Мохамуд јавно се извини и го суспендираше претседателот на Националната атлетска федерација, откако атлетичарка од оваа земја на Универзитетските игри во Ченгду заврши напоследното место во квалификациите на 100 метри, со послаб резултат од победничката за повеќе од 10 секунди.
Од моментот кога атлетичарките се појавија на своите стартни места, беше видливо дека претставничката на Сомалија не ни личи на спортистка, а трката ја заврши за „неверојатни“ 21.81 секунди.
Видеото од оваа трка веднаш стана вирално, а министерот за млади и спорт на Сомалија изјави дека неговото министерство не знае како 20. годишната Насра Абукар Али била избрана да се натпреварува на трката на 100 метри во Ченгду.
Малку подоцна дојде соопштение со кое се наложува на Сомалискиот олимписки комитет да ја суспендира претседателката на Националната атлетска федерација, Хадиа Аден Дахир, поради наводите дека Насра Абукар е нејзина роднина и затоа добила можност да се натпреварува на игрите.
И тоа не е крајот. Имено, ситуацијата е уште покомплицирана бидејќи од Сомалиската универзитетска асоцијација изјавиле дека не испратиле ниту еден атлетичар во Кина како дел од официјалниот сомалиски тим.
А Дахир во објава на Фејсбук и честиташе на својата братучетка за настапот.
They let literally anyone run for Somalia. This is 100% real! pic.twitter.com/T31EC1yoHL
— Larry Madowo (@LarryMadowo) August 2, 2023