Top Sport

Том Брејди стана малцински сопственик на Бирмингем

Иконата на американскиот фудбал, НФЛ, Том Брејди (46) стана малцински сопственик на Бирмингем.

Брејди (седумкратен шампион во НФЛ) со купување акции стана косопственик на членот на Чемпионшип дивизијата. Тој ја доби и функцијата претседател на Советодавниот одбор.

Бирмингем последен пат играше во Премиер лигата во сезоната 2010/11. кога го освои Лига купот победувајќи го Арсенал во финалето, а потоа премина во понизок ранг.

Во јули оваа година Том Вагнер стана мнозински сопственик на клубот, примани цели му се финансиски да го консолидира клубот и Бирмингем да се врати во Премиер лигата.

Scroll to Top