Top Sport

Алонсо за поранешниот шеф: Подобро е да молчи

Фернандо Алонсо, возачот на Астон Мартин во Формула 1, изјави дека шефот на Алпин, Отмар Шафнауер „треба да молчи“.

Фернандо Алонсо се врати во Рено во 2021 година и замина фрустриран во 2022 година по серијата одлуки на Отмар Шафнауер кои не му одговараа.

Преговорите за нов договор не одеа најдобро, тој одби да потпише едногодишен договор и замина во Астон Мартин каде го замени Себастијан Фетел.

„Не чувствувам непочитување од Алпин, но вистина е дека преговорите со нив се одолговлекуваа, тоа не го очекував. Сè одеше некако бавно, тоа не беше моја вина, бев среќен и подготвен за нов долгорочен договор. Имавме брза кола и бевме задоволни од перформансите и можностите во иднина. Така функционираат работите или барем така ги прави Отмар. Сега после ваква година треба да молчи, не да кажува ништо.Кога ќе ги погледен резултатите што ги постигнуваат Астон Мартин и Алпин сезонава, не треба да зборува за тоа колку е горд на одлуката да не го продолжи договорот со мене. Фантастично“, изјави Алонсо.

Алонсо е трет во генералниот поредок со 149 поени (зад Макс Ферстапен и Серхио Перез), додека Астон Мартин е трет во трката кај конструкторите (зад Ред Бул и Мерцедес), а Алпин е на шестото место со 57 поени, во споредба со Астон Мартин кој досега освои 196 поени.

Scroll to Top