Колумбискиот репрезентативец Јери Мина си најде нов клуб. Тој ќе ја засили италијанската Фиорентина, пренесува „Тутомеркато“. 28-годишениот дефанзивец меѓу „виолетовите“ пристигнува како слободен играч, бидејќи му истече договорот со Евертон.
Мина се согласи да потпише едногодишен договор, со опција за продолжување на уште 12 месеци, кој ќе биде активиран во зависност од неговиот учинок во текот на сезоната.
Играчот веќе ги помина задолжителните лекарски прегледи и останува само официјално да го потпише договорот.
Колумбиецот доаѓа на „Артемио Франки“ на местото на Бразилецот Игор, кој кариерата ја продолжи во Брајтон.
Колумбиецот има големо искуство, бидејќи во кариерата настапуваше за Палмеирас и Барселона, а во последните пет сезони го носеше дресот на популарните „карамели“ за кои одигра 99 натпревари, постигна девет гола и додаде една асистенција.