Фудбалските репрезентации на Колумбија и Мароко се пласираа од групата Х во осминафиналето на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.
Во последното коло, Мароко ја победи Колумбија со 1-0 во Перт со голот на Аниса Лахмари во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме.
Со таа победа Мароко стигна до шестиот бод и од второто место се пласираше во осминафиналето каде ќе игра против Франција.
Исто толку бодови собра и првопласираната Колумбија која за пласман во четвртфиналето ќе се бори со Јамајка.
Во вториот натпревар од групата Х, Јужна Кореја и Германија ремизираа 1:1 во Бризбејн.
Со-Хун Чо и донесе водство на Јужна Кореја во шестата минута, а израмни Александра Поп во 42. минута.
Тој резултат ја остави Германија на третото место со четири бода и со тоа го заврши натпреварувањето.
Низ историјата, Германките двапати биле светски шампиони, во 2003 и 2007 година. Само Американките имаат повеќе титули од нив, четири.
Германските фудбалерки за првпат испаднаа на Мундијалот уште во првата фаза. Истото претходно им се случи и на Бразилките, кои исто така првпат во историјата не успеаја да ја поминат групата на СП.