Top Sport

Скопје во септември ќе биде домаќин на најдобрите светски пингпонгари

Најголемиот пингпонгарски настан за оваа година во нашата земја и официјално ќе се одржи во Скопје од 5. до 9. септември. Се работи за меѓународен натпревар на кој ќе настапат некои од најдобрите натпреварувачи во светот.

Во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се натпреваруваат пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите десет во светски рами. Во машка конкуренција на еден месец до одржувањето на натпреварот пријавени се Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј како шесторангиран и осморангиран, додека во женска конкуренција Ли Даун од Јужна Кореја како петторангирана.

Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пингпонгарската федерација на Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто така во Скопје.

 

Scroll to Top