Top Sport

Мехо Кодро е нов селектор на фудбалската репрезентација на БиХ

Мехо Кодро е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Еден од најдобрите босански фудбалери во историјата по вторпат ќе биде на оваа позиција.
Првпат беше селектор во далечната 2008 година, но потоа си замина по само два пријателски натпревари поради несогласувања со раководството.

Кодро го наследи Фарук Хаџибегиќ, кој спогодбено го раскина договорот откако освои само три бода во првите четири квалификациски натпревари за ЕП 2024 година, победа и три порази, од кои особено болен беше оној против Луксембург.

Кодро во својата играчка кариера беше најпознат како напаѓач на Реал Сосиедад каде со одлични настапи оствари трансфер во Барселона. Во каталонскиот клуб помина една сезона (1995/96).

Тренерската кариера ја започна како асистент во Реал Сосиедад, потоа кратко време беше селектор на Босна и Херцеговина, а потоа пет години работеше во тимот од Сан Себастијан со помладите категории и како тренер на Б тимот. Во својата тренерска кариера ги водеше и Сараево, Сервет и Лозана.

Scroll to Top