Top Sport

Сенегалецот Сисе е ново засилување за Брера Струмица

Македонскиот прволигаш АП Брера Струмица доведе ново засилување во нападот. Станува збор за 20-годишниот Папе Оумар Сисе од Сенегал кој игра во нападот, а во редовите на струмичкиот тим доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари, постигна четири гола и забележа асистенции.

Сисе во Струмица дојде на почетокот на јули и беше дел од сите фази на подготовките на тимот за престојната сезона, а беше и во стартните состави на некоку пријателски натпревари во Бугарија.

Нови засилувања во Струмица се и 23-годишниот дефанзивец Стефан Наумчевски, Александар Ристевски кој дојде од штипска Брегалница, 18 годишниот прилепчанец Андреј Аризанкоски, 19 годишниот напаѓач од Италија Салвадоре Рибаудо и искусниот бразилец Леонардо Антонио. Во меѓувреме продолжени беа договорите и со младите Ѓеорги Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.

 

Scroll to Top