Англискиот премиерлигаш Челси продолжува да носи нови засилувања во пресрет на новата сезона. Медиумите на Островот откриваат дека клубот постигнал договор со Брајтон за потписот на Роберт Санчез.
Се очекува 25-годишниот Шпанец многу брзо да ги помине медицинските прегледи. Засега нема информации за вредноста на трансферот.
Санчез пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ како конкуренција за Кепа Аризабалага по заминувањето на Едуард Менди.
Голманот нема иднина во Брајтон, откако менаџерот престана да смета на него уште во март. Летово Шпанецот не отпатува со тимот на турнејата во САД.
Во Челси, Санчез ќе работи со тренерот на голманите Бен Робертс, со кој веќе беше заедно и кај „галебите“.