Шпанскиот тренер Луис Енрике размислува да го напушти Пари Сен Жермен само еден месец по доаѓањето во клубот. Главна причина е Килијан Мбапе, односно иднината на големата ѕвезда на овој тим.
Мбапе има договор до крајот на следната сезона, а бидејќи не сака да потпише нов, ПСЖ веќе подолго време има намера да го продаде.
Напаѓачот не е со тимот, а на Луис Енрике претходно му беше кажано да не смета на 25-годишниот фудбалер.
Клубот од Париз е многу блиску до одлука да ја прекине соработката и со спортскиот директор Луис Кампос. .
Ако Луис Енрике замина клубот ќе го напушти и неговата „десна рака“, Рафаел Поло.
Енрике на почетокот на јули го наследи Кристоф Галтие, а потоа потпиша двегодишен договор со парижаните.
Пред да дојде во француската престолнина беше селектор на Шпанија, а пред тоа ги водеше Барселона, Селта и Рома.