Богатите клубови од Саудиска Арабија продолжуваат да се засилуваат ова лето со несмалено темпо.
Најновото име во галеријата на високоплатени фудбалери е Френк Кеси, кој од Барселона ќе се пресели во Ал Ахли.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека конечно е постигнат вербален договор со клубот од Каталонија за сума од околу 15 милиони евра и дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска наскоро ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26.
Дваесет и шестгодишниот играч за врска дојде на „Камп Ноу“ од Милан минатото лето, а неговиот договор имаше излезна клаузула од дури 500 милиони евра. За Барселона одигра 43 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола со исто толку асистенции.
Африканецот професионалната кариера ја започна во клубот Стела, а прва станица во Европа му беше Аталанта.
Кеси во Ал Алхли ќе им се придружи на Ријад Марез, Алан Сен Максиман, Роберто Фирмино и Едуардо Менди.