Top Sport

Арслан: Задоволен сум како игравме, во финишот бевме подобри од Левски

Шкупи европската авантура ја заврши во второто квалификациско коло, во Конференциската лига. Македонскиот претставник го загуби двомечот со Левски со вкупен резултат 3:0.

Левски во Скопје победи 2:0, а синоќа во Софија со 1:0. Голот за победа беше постигнат длабоко во судиското надополнување на времето во вториот дел.

Тренерот Џихат Арслан, на прес-конференцијата истакна дека е задоволен како неговите фудбалери го одиграле натпреварот.

„Натпреварот беше важен за двата тима. И покрај поразот во Скопје се обидовме да им објасниме на играчите дека сѐ е можно и покрај јасната идеја дека нѐ очекува силен противник. Се обидовме да ги бодриме, но на крајот не успеавме да го изненадиме Левски. Мислам дека успеавме да се избориме до крај. Но не и да постигнеме резултат каков што посакувавме“, истакна турскиот стратег на кормилото на Шкупи.

„Во последните 15 минути бевме подобриот тим на теренот, имавме 2-3 добри шанси за гол, но не ги реализиравме. На крајот, сакам да му честитам на Левски за победата и да им посакам успех во следната фаза“, изјави Џихат Арслан.

Scroll to Top